Wednesday, May 1, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаев на прва средба со Села по Крвавиот четврток, главна тема новата влада

Заев на прва средба со Села по Крвавиот четврток, главна тема новата влада

Лидерот на СДСМ и мандатар Зоран Заев денеска во 15 часот ќе оддржи средба со фронтменот на Алијансата на Албанците Зијадин Села во Тетово, информираат од СДСМ.

Оваа средба практично доаѓа по пресот што треба да го оддржи Села во 13 часот, што претставува негово прво јавно појавување откако беше тешко повреден при инциндентите во собранието.

Главната тема на средбата ќе биде разговор за формирање на новата влада и на кој начин Алијансата за Албанците ќе се вклучи во истата со оглед дека во Собранието има тројца пратеници.