Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаев на нова средба со Тимоние – Неопходно е стабилизирање на државата

Заев на нова средба со Тимоние – Неопходно е стабилизирање на државата

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска се сретна со францускиот амбасадор во Македонија Кристијан Тимоние.

На средбата, како што информира СДСМ, е констатирано дека е неопходно стабилизирање на државата преку продолжување на демократските процеси во Македонија. На средбата, како што се наведува во соопштението, е оценето дека е потребно да се покаже зрелост за државните интереси на Македонија, а тоа се реформските процеси за квалитетен живот на сите граѓани и евроатлантски перспективи на Република Македонија.

– Постои Програма на новата реформска Влада на унитарна Македонија, којашто е единствениот валиден документ за граѓаните и којашто гарантира просперитет за сите луѓе во Македонија и за државата. Следува формирање нова реформска Влада, воспоставување правна држава и независни институции, истакнал Заев на средбата со францускиот амбасадор Тимоние.