Tuesday, May 7, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаев на граѓанскиот протест: Ќе падне Владата

Заев на граѓанскиот протест: Ќе падне Владата


Лидерот на СДСМ, Зоран Заев се појави на протестот. Тој за присутните медиуми изјави дека овој протест е граѓански и тој е тука како граѓанин само за да помогне, а не како партиски член. Заев нагласи дека нема да има избори ако не се прочисти избирачкиот список и побара Иванов да ја повлече аболицијата. Владата ќе падне, само треба ушта малку да истраеме – Заев ги уверуваше граѓаните.

Бараме експертска влада, Слобода, Нема правда – нема мир… се паролите со кои граѓаните го изразуваат своето незадоволство.

Автор: Кристина Атовска

Репортер: Александар Драгановски