Sunday, May 5, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаев и повредените пратеници сè уште не се сослушани за нападот во Собранието

Заев и повредените пратеници сè уште не се сослушани за нападот во Собранието

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска соопшти дека ниту тој, ниту повредените пратеници од СДСМ биле повикани во Јавното обвинителство да сведочат за нападот во Собранието,

„Не сум посветен да ги препознавам и да ги видам напаѓачите затоа што голем дел од медиумите тоа го направија. Многу е важно институциите да направат вистинско препознавање. Додека дишам ќе се борам за враќање на правото и правната држава“, рече Заев и ги повика државните институции соодветно да постапуваат.

Според него кривичното дело Учество во толпа за кое што се гонат осомничените, не е тоа што се случило во Собранието во четвртокот.