Saturday, Apr 27, 2024
HomeАНТИСТРЕСЕкимЗаблуда: Дали е добро да се пие водата која преку ноќ отстојала во чаша?

Заблуда: Дали е добро да се пие водата која преку ноќ отстојала во чаша?

Нѐ учеле дека наутро е добро на глаен стомак да испиеме обична чаша вода која отстојала преку ноќ , и да не се пие вода директно од чешма.  Но дали сте забележале дека таа отстојана вода има поинаков и чуден вкус? Постои едно објаснување за овој проблем.

Отстоената вода во чашата се изложува на воздух, впивајќи јаглероден диоксид. Дел од него се претвора во карбонска киселина, што значи дека водата на воздух го менува својот хемиски состав. Кога карбонската киселина ќе отпушти еден или два протони таа се претвора во бикарбонат или карбонат, тоа ја снижува PH вредноста на водата поради што се менува нејзиниот вкус.

water-glassВреди ли да се остави водата да отстои преку ноќ во чаша, кога ќе ве потсетиме дека водата била изложена на бактерии и дека во неа завршила и незанемарливо количество на прашина? Тоа не значи дека таа вода се расипала, но поради сето тоа што преку ноќ се собрало во неа треба да се размисли дали треба да се испие.