Friday, Apr 19, 2024
HomeАНТИСТРЕСГурманВкусен десерт – чизкејк во чаша

Вкусен десерт – чизкејк во чаша

Брз и вкусен десерт кој ќе ве освежи во топлите ледни денови.

Состојки:
* Осум кесички бисквити по желба
* 300 грама крем сирење
* 3 лажици шеќер во прав
* Рендана кора и сок од еден лимон
* 200 грама замрзнато овошје + 50 грама за украсување

Подготовка:
Ставете ги бисквитите во пластична кеса, искршете ги и ставете ги во две чаши за десерт. Изматете ги крем сирењето и кората од лимон, па додадете 2 лажици шеќер во прав и матете додека да добиете лесна смеса. Распоредете ја смесата во чашите. Исцедете го и одмрзнете го овошјето (доколку било смрзнато предходно), ставете го во блендер заедно со сокот од лимон и преостанатата лажица шеќер. Ставете во чаша врз филот од сирење, украсете со овошје по желба и послужете го оладено.

Добар апетит.