Tuesday, Apr 23, 2024
HomeАНТИСТРЕСГурманПробајте нешто ново – Ресани во чаша

Пробајте нешто ново – Ресани во чаша

Отсега за овој вкусен и сладок десерт ќе имате една алтернатива повеќе во вашиот дијапазон на рецепти да го подготвите на малку необичен начин. Замислувате ли како би изгледале ресаните кога би биле сервирани во чаша?

За 4 чаши од 2 dl потребно ви е:
За подлога
*6 лажици бисквити
*8 лажици млеко

За кремот од портокал
*1 портокал
*200ml вода
*3-4 лажици шеќер
*2 лажици густин

За чоколаден прелив
*100ml слатка павлака
*50g чоколадо за готвење
*1 лажица Нутела или било каков крем
*Малку ореви

Подготовка:

Загрејте ја павлаката, па додајте го чоколадото додека не се растопи. Додајте го кремот и мелените ореви, па измешајте. Оставете го кремот да се олади. Бисквитите измелете ги или ситно искршете ги, па прелијте ги со млеко.

Портокалот излупете го, па прелијте го со 200ml вода и ставете го во блендер. Направете каша, па ставете ја во тенџере да зоврие со шеќерот. Додајте го густинот и варете неколку минути додека да згусне.

Во една проѕирна чаша ставете лажичка бисквити, па додајте го кремот од портокал. Оставете да се олади неколку минути во фрижидер, па ставете уште половина лажичка бисквити и прелијте со чоколадниот прелив.
Вратете во фрижидер уште неколку минути и послужете.