Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈРакометЗа “ситни пари“ на најважниот натпревар за Македонската машка ракометна репрезентација

За “ситни пари“ на најважниот натпревар за Македонската машка ракометна репрезентација

Денес ракометната федерација на Македонија ги соопшти продажните цени за натпреварот помеќу Македонија и Исланд. Билетите ќе бидат со симболична цена од 100 и 200 денари.

Натпреварот ќе се одигра на 4-ти мај во 20.00 часот, ова е најважниот натпревар за репрезентацијата на Македонија. Исланд мора да се победи доколку сакаме да го продолжиме учеството на големи натпреварувања, да бидеме дел од Европското првенство во Хрватска кое ќе се одржи во јануари наредната година.

Затоа билетите се пуштини по цени достапни за секого 100 денари на повисоките места на трибините и 200 за поблискиот дел од теренот. Билетите можат да се купат во сите продажни места на МК Тикетс, како и на нивната веб страна.

Досегашниот биланс на Македонија, една победа против Украина и пораз на гости од Чешка. На овој натпревар деби на селекторското место ќе има и тренерот на Вардар, Раул Гонзалес.