Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопје„За оние кои ги сакаш“ – базар на креативност во јавна соба

„За оние кои ги сакаш“ – базар на креативност во јавна соба

Во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ денеска и утре ќе се одржува Базар на креативност под мотото „За оние кои ги сакаш”, организиран за денот на виното и љубовта.

Македонски дизајнери, занаетчии и уметници за посетителите ќе понудат уникатни парчиња за подарок – облека, накит, козметика, долна облека, помагала за домаќинство, модни детали и парчиња мебел, произведени од 35 македонски брендови.