Saturday, Apr 20, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРДизајнКонечно во Скопје… Саем за накит

Конечно во Скопје… Саем за накит

Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ и „KАПКА јувери“ организираат настан кој ќе им се допадне на сите припаднички на понежниот пол. Од 7 до 9 октомври во просториите на „Јавна соба“ ќе се одржи првото издание на Саем за накит и модни додатоци, „Накит 2016“.
nakit-1На саемот настапуваат изработувачи и дизајнери на накит, како и автори и уметници од други области, кои ги користат накитот и модните додатоци како средство за креативно изразување и кои се фокусирани на нови, иновативни, свежи идеи. Станува збор за производи на дизајнери од Србија, Косово, Бугарија, Босна и секако од Македонија, создадени како уникати или во многу мали серии.

„Накит 2016“ е од меѓународен карактер и покрај изложбата на дизајнерските парчиња, во негови рамки е вклучена и научно-практична програма проследена со стручни предавања и работилници.

Саемот ќе има продажен и забавен карактер исполнет со разновидни, атрактивни гастрономски перформанси, како и музички дел предвиден за попладневните и вечерните часови. Наменет е за пошироката публика, за познавачите на добриот накит, за љубителите на модните дадотоци, за консументите на добрата атмосфера и забава.