Thursday, Apr 27, 2017
HomeДЕНЕШНАЕкономијаYahoo за да не пропадне продаден за „мали“ пари на Verizon

Yahoo за да не пропадне продаден за „мали“ пари на Verizon

yahoo veriozn

Американскиот мобилен оператор Verizon потроши само 5 милијарди долари за купување на интернет бизнисот на Yahoo што е далеку под проценетата вредност од 150 милијарди долари пред неколку години кои тогаш Microsoft планираше да ги вложи.

Yahoo е голем сервис за информирање и испраќање мејлови, но во налетот на мобилните апликации не успеа да се наметне на пазарот и да генерира профит како порано. Во договорот со Verizon не се вклучени акциите кои Yahoo ги поседува во кинескиот онлајн гигант Alibaba.

Плановите на Verizon планира да ги комбинира услугите на Yahoo со AOL како уште еден интернет сервис во замирање, но ќе инвестира во мултимедијални и информативни содржини на дигиталниот простор.

Извор: telefoni.mk