Sunday, Apr 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВучиќ: Украинизација на Македонија на никого не му е потребна

Вучиќ: Украинизација на Македонија на никого не му е потребна

Српскиот премиер Александар Вучиќ кој и самиот е во предизборен процес даде свој став за случувањата во Македонија кои будно ги следат српските медиуми, дел со сензационализам и претерување во проценките, други пак со загриженост за „братскиот“ народ.

„Ние од се срце посакуваме Македонија да ја надмине кризата и успешно да се решат проблемите на кои воопшто не им се радуваме, бидејќи ако тоа продолжи може да погоди и други земји, а наша задача е да ја чуваме Србија. Најавите за „Ураинизација“ се надевам дека нема да се остварат бидејќи тоа воопшто не му одговара на Балканот“ изјави Вучиќ за Б92.