Monday, May 13, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалВрвен напаѓач пристигнува во Лондон!

Врвен напаѓач пристигнува во Лондон!

Пристигнува од Италија, но не станува збор за Гонзало Игуаин. Италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио пренесува дека Мауро Икарди би можел да биде „бомба“ во овој трансфер период и да премине во редовите на Арсенал. Контакт веќе бил воспоставен, а преговорите меѓу двете страни ќе се одвиваат во Лондон во текот на следната недела.

Сопругата на Икарди, како и неговиот агент неодамна изјави дека напаѓачот ќе замине од Интер, иако тогаш споменуваше преселба во Шпанија. И зимото се појавуваа шпекулации дека Икарди би можел да ги засили „Топџиите“, па така ова е само нов дел од приказната. Синоќе одекна веста дека Игуаин ќе премине во Арсенал, но најдобриот стрелец на Серија А во оваа прилика ке го засили Јувентус, но се чини дека од Арсенал нема да бидат разочарани доколку успее трансферот на Икарди.