Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАВременска прогноза:Променливо облачно со дожд

Временска прогноза:Променливо облачно со дожд

Според денешната временска прогноза, денеска во ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен дожд, кој во попладневните часови ќе биде пороен и проследен со грмежи.

Поголема нестабилност се очекува во северните и југозападните делови, каде локално се очекуваат грмежи, засилен ветер и врнежи од град.

Температурата ќе се движи во интервал од 28 до 35 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Температурата ќе достигне до 33 степени.