Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаВременска прогноза за наредните денови

Временска прогноза за наредните денови

Во Македонија денес ќе биде претежно сончево со локална облачност, малку потопло и ветровито. Во попладневните часови во североисточните и источните предели зголемување на облачноста и услови за слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува доумерен засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели западен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури 5 до 14 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 17 односно до 28 степени. УВ индексот ќе има вредност 8.

meteo soncevo so oblaci prolet

Во Скопје во четврток ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од 11 степени, а максималната дневна ќе достигне до 25 степени. УВ индекс 8.

Во Македонија во петок и сабота претежно сончево и потопло. Ветерот постепено ќе престанува. Во петок утринските температури од 5 до 14 степени, а максималните од 20 до 30 степени, а во сабота минималните температури од 6 до 15 степени, а максималните од 22 до 32 степени. Во недела и понеделник претежно сончево со локална облачност и уште потопло. Во попладневните часови во североисточните и источните предели услови за развој на нестабилност и локални врнежи од дожд и грмотевици. Во недела максималните температури од 24 до 34 степени, а во понеделник од 25 до 34 степени.