Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАМЕТЕО: Очекуваме пријатен и сончев петок

МЕТЕО: Очекуваме пријатен и сончев петок

Во текот на денешниот ден очекуваме доста повеќе сонце низ поголемиот дел од земјава, пред се во источниот. Низ останатите краишта ќе има мала до умерена облачност, но сепак нема да недостасуваат сончеви периоди.

Утрово е за нијанса постудено во однос на вчерашното, па така минималната вредност на температурите се движи помеѓу -5 и -2 степени целзиусови во поголемиот дел од котлините.
Денешниот температурен максимум ќе достигне до 12тиот степен во југоисточните предели, а низ котлините на север и запад од Републикава ќе се движи помеѓу 5°С и 8°С.

Ова петочно утро во Скопје започна со минимална температура од -4 степени проследени со мала до умерена облачност. Позабележителни временски промени не се очекуваат во текот на овој ден. Максималната вредност ќе достигне околу 8миот степен.

Викендов се очекува да биде повеќе сончев, а веќе од недела ќе преовладува променливо облачно време со краткотраен локален дожд, но ќе биде релативно топло за овој период во годината. Во текот на викендот по одделни котлини сепак ќе има услови за појава на слаба магла.

Тимот на „Позитив метео“ Ви посакува пријатен ден, поминат во добро расположение со блиските и нашите содржини.
Следете не`!