Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАMETEO: Ведро време не очекува во текот на денешниот ден

METEO: Ведро време не очекува во текот на денешниот ден

Времето денеска ќе биде ведро со појава на ниска облачност.Наутро е можна појава на локална ниска облачност, додека истовремено остатокот од земјава ќе ужива во ведро време.
Минималната температура низ котлините ќе има вредност од -2°С до 1°С, а на повисоките места околу -3°С.
Денот ќе биде претежно ведар. Можно е повремено зголемено наоблачување поппладне во западниот регион. Ветерот ќе биде сосема слаб.
Повторно, како и во недела, максималната температура ќе има вредности од 9°С до 11°С во котлините од северниот и западниот крај, и до 13°С на југоисток. На повисоките места се очекува температура околу 6°С.

Во Скопје се очекува претежно ведро време, со повремена мала облачност.
Наутро се очекува минимална температура околу -2°С, а максимална околу 11°С.

Извор: МетеоПро.мк