Friday, Apr 26, 2024
HomeСТУДЕНТУМВреме е за подготовка, бруцоши! Ова се 10-те работи кои треба добро да ги знаете

Време е за подготовка, бруцоши! Ова се 10-те работи кои треба добро да ги знаете

Мини подготовка за бруцошите не е на одмет, со оглед на тоа што останува уште половина месец до започнувањето на нешто ново во своите животи. Обрнете внимание на овие суштински нешта кои ќе ви бидат од огромно значење:

1. Градете големи мостови и создавајте контакти, ширете познанства. Верувајте дека во понатамошниот дел од животот кога ќе ја градите својата кариера многу ќе ви значат.
2. Ако треба нешто добро да научите, тоа е да правите кафе со затворени очи.
3. Само со активирање се гради карактерот. Ако нешто не ви се допаѓа во околината што ве опкружува, едноставно – сменете го.
4. Остварете добра комуникација со професорите, нема ништо лошо во тоа.
5. Не трудете се да ги избегнувате предавањата само затоа што истите ќе ги имате во форма на „Power Point“ презентација.
studenti6. Практикувајте пракса, волонтирајте, посетувајте курсеви и летни школи – нека биде тоа една отскочна даска во вашиот процес на студирање.
7. „Наоружајте“ се со маркери.
8. Оценките нема да ви бидат најпримарната работа, затоа што понатаму нема да паметите по кој предмет што сте имале, но затоа ќе ги паметите лудите ноќи поминати со вашиот колегијал.
9. Балансот помеѓу факултетските обврски и забавата е возможен, ако навистина добро се организирате.
10. Ако не сте утринска личност помирете се со фактот дека на првите предавања нема да одите колку и напорно да се трудите и да викате дека ќе одите. Факт.