Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаЗаштитување на иднината на семејниот бизнис

Заштитување на иднината на семејниот бизнис

Успешните бизниси постојано гледаат нанапред и се обидуваат да ги предвидат идните комерцијални ризици и можности. Семејните фирми освен на конвенционалните треба да обратат внимание и на семејниот ризик, кој може да го поткопа неподготвениот бизнис брзо и сеопфатно.

Во случај кога семејниот бизнис преминува од втора на трета генерација (од браќа/сестри на братучеди) братучедите често пати ќе бидат и вработени и акционери во фирмата. Ова претставува предизвик за кохезијата на семејството, бидејќи братучедите се израснати во различни домови и домаќинства, со различни вредности и перспективи за семејниот бизнис.

Потенцијален проблем постои и кога членови на семејството кои работат во фирмата не покажуваат добри резултати. Како семејството да се справи со оваа ситуација – дали поединецот да биде опоменат, уназаден или отпуштен?

Конфликт натанува и кога претходно посветени акционери одлучуваат да ги продадат акциите. Доколку фирмата не котира на берзата и нема веќе постоечки пазар за акциите, ќе произлезат тешки и комплицирани прашања поврзани со оддржување на акциите во рамките на семејството, реалната пазарна вредност на акциите, како и финансиската можност на еден член од семејството да ги откупи акциите кои другот член ги продава.

А што во случај на развод или повторно венчање?

Замислете акционер кој работи во семејна фирма и кој има две деца од првиот и две деца од вториот брак. Покрај потенцијалниот конфликт помеѓу поранешниот и тековниот сопружник, можен е и конфликт помеѓу полу браќата и полу сестрите кои израснале во различни домови, со различен поглед на семејната историја.

Вакви прашања можеби изгледаат апстрактни и неважни во почетоците на семејниот бизнис, бидејќи тој период се карактеризира со заемна возбуда, адреналин и чувство на бесконенечни можности, но потенцијални семејни проблеми ќе се појават со сигурност во некоја од идните фази на раст и развој на бизнисот.

Добрата вест е тоа што во семејните фирми е релативно лесно да се предвидат и претпостават факторите на ризик бидејќи сите добро се познаваат меѓу себе, а тоа дава можност одапред да се разговара за ризиците и да се минимизира нивното влијание во иднина со поставување на јасно дефинирани насоки и процедури со кои ќе се разрешат.

Најдобра опција е внимателно да се вопспостават основни правила за разрешување на можни идни проблеми и конфликти во раната фаза на семејниот бизнис, пред тие да станат лични и директни кон одредена група или поединец. Во раната фаза конфликтот претставува само теоретски случај, додека во иднина постои можност тој да прерасне во вистински, непријатен и потенцијално катастрофален проблем.

Клучни стратегии и насоки

Охрабрување на отворена комуникација во врска со овие прашања и овозможување дијалог во кој сите членови на семејството ќе ги изнесат своите ставови е од суштинско значење. Едукација и подучување за предизвиците на сопствеништвото и учење од туѓото искуство е добра почетна точка. Често пати луѓето се чувствителн на вакви теми, па затоа е важно да се осигурате дека секој е добро подготвен и свесен за потенцијалните ризици.

Погрижете се никој да не се чувствува нападнато и сите членови на семејството да имаат можност да ги изразат своите ставови без да бидат прекинати со тоа што ќе воспоставите рамка за последователни прашања и дебата. Поттикнете ги сите да се фокусират на иднината, а не на минатото и да ја искористат можноста за поставување на  разумни политики на работење кои ќе го регулираат начинот на кој семејството ќе се справува со потенцијалните проблеми во иднина. Поттикнете ги сите да постават “што ако…” прашања на следниве теми:

  1. Семејни работни позиции: Кои се критериумите за работење во бизниот? Дали да им се дозволи на сватовите да се приклучат? Што ако членовите на семејството не ги исполнуваат поставените стандарди? Со какви правила да се регулира наследувањето на фирмата и изборот на наследникот? Кога треба да се пензионираат членовите на семејството?
    Вие знаете дека сите овие прашања ќе се појават во одреден момент, па затоа многу подобро е однапред да се справите со нив.
  2. Семејна комуникација и донесување одлуки: Како што се зголемува семејното стебло, комуникацијата станува се поважна и се потешка. Што ќе се случи ако не се согласувате со некоја одлука? Како да се справите со конфликт?
    Многу е полесно да одлучите што треба да се случи во стресни и конфликтни ситуации ако формулирате политики и правила пред да настанат тие ситуации.
  3. Стекнување сопственост: Кој се има право да поседува акции? Каков е третманот за сопружниците? Каков е третманот за посвоените деца?
    Сите ќе имаат различен поглед на оваа тема, но подобро е заедно да се донесат овие одлуки бидејќи ќе важат за сите.
  4. Продажба на акции: Правилото за продажба на акциите поставете го на почетокот на работењето на бизнисот, кога никој не размислува за продавање на акциите, пред да ја знаете нивната пазарна вредност и пред темата да стане конфликтна.

Клучно е да ги запишувате заклучоците на вашето семејство во однос на овие прашања – можете да изработите семеен устав или помалку формален меморандум, а некои прашања поврзани со сопственоста најдобро е да бидат вклучени и во самиот акционерски договор. Не е важен форматот, се додека сите членови се чувствуваат вклучени и консултирани и одлуките се во пишана форма –  ова му помага на семејството да се наврати и доколку има потреба и консензус да ажурира одредени прашања.

Ниедно семејство не може однапред да ги предвиди сите ризици, но организирано и заедничко работење на предвидливите ризици ги подговтвува подобро да се справат со неочекуваното. Уште поважно, заедничката проценка на ризици, договорање на стратегии и изнајдување механизми за управување ја подобрува комуникацијата меѓу членовите, гради доверба и создава основа за семејна козехивност и оддржливост на семејниот бизнис.