Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаВработените во Лераница повторно пред Влада: Цела година работат без плата, здравство, пензиско…

Вработените во Лераница повторно пред Влада: Цела година работат без плата, здравство, пензиско…

Вработените во МЗТ Леарница денска маршираа од Собранието до Владата барајќи ги заостанатите плати и неплатените придонеси. Работниците велат дека цела година трае нивната голгота, а во целиот овој период тие не можат да користат здравствени услуги, додека има и работници кои не можат да се пензионираат, иако исполнуваат услови. Исто така, велат дека работат во нехумани услови и бараат создавање на такви.
learnica protest 2
Работниците се сомневаат дека надлержните сакаат да го решат овој проблем. Велат: Обичен граѓанин ако не плати данок или струја, веднаш се праќаат извршители, а кога голема фирма прави криминал, никој ништо не презема. За денеска им беше ветен одговор од претставник од кабинетот на премиерот каде беа примени во понеделникот. Директорката на Леарница, Виолета Стојкоска најави писмено соопштение до медиумите за следната недела.
learnica protest