Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаВозачи, затворен за сообраќај потегот од мотел Македонија до Градско

Возачи, затворен за сообраќај потегот од мотел Македонија до Градско

Поради потребите за снимање на францускиот филм во продукција на Мануфактура, делот од автопатот А1, делницата од мотел Македонија до Градско денеска ќе биде затворена за сообраќај од 5:00 до 18:00 часот. Сообраќајот ќе се пренасочува по стариот пат, соопшти АМСМ. 

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.