Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАСветВооружен напад во геј бар во Орландо, дваесетина повредени – неколку мртви

Вооружен напад во геј бар во Орландо, дваесетина повредени – неколку мртви

Најмалку дваесет луѓе се повредени во вооружен напад синоќа во ноќен клуб во градот Орландо, Флорида. Напаѓачот земал заложници во ноќниот клуб „Florida Pulse Club“ во Орландо, а потоа бил смртно застрелан во престрелка со полицијата. Контролирана експлозија, исто така, била предизвикана во клубот, поради информациите дека во него е поставена бомба. Според се уште неофицијални информации девет лица се убиени.

Полицијата објави дека имало пукање „со голем број настрадани“, но нема потврдени извештаи на жртви. Локалната телевизија ITV, наведува дека инцидентот се случил во геј клубот „Pulse“, кој бил опколен од силни полициски сили. Според првичните сознанија на телевизијата, неколку лица биле сериозно повредени. Според интернет страницата New York Daily New, која се повикува на очевидци, имало двајца напаѓачи. Градската полиција на Орландо на својот официјален акаунт на Twitter објави дека најмалку 40 лица се хоспитализирани, откако вооружен маж отворил оган и земал заложници, а потоа е убиен.

Засега е непознат идентитетот на напаѓачот и како дошол во клубот во кој отворил оган, се забарикадирал во него земајќи заложници. Според медиумите, тој имал кај себе и рачна бомба.

Ова е втор вооружен инцидент во Орландо во последните 24 часа. Претходно ноќта кон саботата маж смртно ја застрела 22-годишната пејачка Кристина Грими, ѕвездата на шоуто „The Voice“ по нејзиниот настап, а потоа се самоуби.