Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаВолци усмртиле стадо овци во гостиварско Топлица

Волци усмртиле стадо овци во гостиварско Топлица

Волци усмртиле помало стадо овци во близина на гостиварското село Топлица. Сопственикот на стадото В.А. од Топлица, затекнал вистински масакр кога дошол во бачилото да го напои стадото. Од неколку овци имало само остатоци, а останатите биле задавени.

По пријавата, бил извршен увид на местото, при што бил повикан и ветирнар, кој потврдил дека станува збор за напад од волк или повеќе волци.

Штетета која ја претпрпел сточарот се проценува на над 90 илјади денари.