Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаФото: „Волците“ го добија првиот ОРДЕН ЗА ВОЕНИ ЗАСЛУГИ, а еве како денеска државата се грижи за нив

Фото: „Волците“ го добија првиот ОРДЕН ЗА ВОЕНИ ЗАСЛУГИ, а еве како денеска државата се грижи за нив

Во пресрет на утрешниот роденден на „Волците“, припадник на оваа единица во знак на револт испрати неколку фотографии до редакцијата на Позитив.мк. Војникот чие име нема да го откриеме во јавноста од разбирливи причини, вели дека цела зима ја поминале на ладно во очајни услови. Од фотографиите може да се забележи малото ќумбе кое според зборовите на војникот, ни одблику не може да ги затопли просториите во касарната Илинден. Просториите наменети за специјалните единици се буквално во распаѓање, а државата одамна не инвестирала во подобрување на условите. Разрушени ѕидови, необезбедени кабли за струја, како и откорнати подови се секојдневието на оваа специјална единица. Исто така, нашиот извор вели дека униформите се дотрајани, а храната која ја јадат сомнителна. Инаку, во 2005 година со указ на Претседателот на Република Македонија баталјонот за специјални намени е одликуван со „ОРДЕН ЗА ВОЕНИ ЗАСЛУГИ“ – прв доделен орден во Република Македонија. Утре Баталјонот ќе прослави 23 години постоење во вакви услови.
kasarna ilinden
kasarna ilinden 1

kasarna ilinden 2

kasarna ilinden 3

kasarna ilinden 4

kasarna ilinden 5

kasarna ilinden 6

kasarna ilinden 8
На 1-ви март 1994, прв пат во Армијата на Република Македонија беше формирана Единица за Специјални намени под името „Волци“, а од ноември 2006 година извршено е преструктуирање на единицата во полк за Специјални Операции (пСО) во чиј состав влегуваат Баталјонот за специјални намени и Ренџерски баталјон.