Friday, Sep 22, 2017
HomeДЕНЕШНАСкопјеВолци напаѓаат во скопско Нерези, жителите во паника

Волци напаѓаат во скопско Нерези, жителите во паника

luti volci

Во населбата Средно Нерези во Скопје, синоќа волци влегле во дворови на куќите пришто задавиле едно домашно куче-загар, а во соседниот двор убиле и изеле една коза, соопшти денеска Општина Карпош.

Жителите на Нерези забележале голем црн волк кој ги нападнал и куќите од Горно Нерези и предизвикал паника меѓу животните и жителите на овие населби.

Општина Карпош ги предупредува граѓаните на крајна внимателност и да се воздржат од ноќни прошетки по Водно.

Ова не е прв пат во Општина Карпош „на гости” од планината Водно да се спуштаат и да напаѓаат домашни животни меѓу жителите, стои во соопштението.