Wednesday, May 8, 2024
HomeДЕНЕШНАСветВодителка обвинета за расизам поради монтирани фотографии со Јусеин Болт

Водителка обвинета за расизам поради монтирани фотографии со Јусеин Болт

Елен Деџенерис се најде на мета на обвиненија за ширење на расизам откако на Твитер објави фотографија од Јусен Болт, на која со помош на „Фотошоп“ Елен се „најде“ на грбот на Болт за време на негова трка, со коментар: „Од сега вака ги завршувам работите“. Овогодинешниот шампион на трката на 100 метри и добитник на златен медал на Oлимписките игри, може да се види како со насмевка ја завршува трката која му обезбеди и победа, додека Елен компијутерски е додaдена на фотографијата.

Elen-f1

После тоа, американската водителка се соочи со бројни критики на социјалните мрежи. Корисниците на Твитер, меѓу другото, коментираа дека оваа слика од бела жена на гроб на Афроамериканецот недозволива. 57-Годишната комичарка кратко одговори на критиките, исто така по пат на Твитер, истакнувајќи дека е „многу свесна за расизмот кој постои во таа земја, но дека таа е најмалку расист“.

Сепак, некои од афроамериканските корисници на социјалната мрежа Твитер застанаа во нејзина одбрана, наведувајќи дека оваа слика не ја сфатиле како провокација или расистички акт и дека не се ниту најмалку навредени од водителката.