Thursday, Apr 25, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмБекам не е така лош глумец, Гај Ричи го брани фудбалерот

Бекам не е така лош глумец, Гај Ричи го брани фудбалерот

Појавувањето на екс фудбалерот Дејвид Бекам во новиот филм Кралот Артур: Легендата на мечот привлече многу негативни реакции за неговите актерски способности. Филмот утре ќе започне да се прикажува во кино салите на глобално ниво, но фановите не се задоволни откако го погледнаа последниот трејлер.

Затоа режисерот Гај Ричи мораше да реагира и го пофали фудбалерот истакнувајќи дека е талентиран.

„Мислам дека е одличен, многу е талентиран“, изјави Ричи за Reuters на европската премиера на филмот.

Бекам во филмот толкува улога на војникот Тригер во сцената на извлекување на мечот од каменот.

Фудбалерот и претходно имаше улога во филмот „The Man from U.N.C.L.E.”