Wednesday, May 1, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВодени топови пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, центарот координирано расчистен

Водени топови пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, центарот координирано расчистен

Демонстрантите од протестот пред народната канцеларија на Ѓорги Иванов почнаа да се движат по улицата Димитрија Чуповски каде беше поставен голем кордон составен од полициски сили, но тие мораа да се повлечат по силната реакција.

Приодот кон седиштето на ВМРО-ДПМНЕ е целосно блокиран од сите приоди, а поставени се и водени топови за крајна реакција.

Една од причините поради кои кордонот ја промени тактиката е најверојатно што контрапротестот предводен од владините партии го заврши собирот пред Собранието каде протестираа против аболицијата на Зоран Заев и Верушевски, па така засега нема ризик на судир меѓу двете групи на граѓани.

Во меѓувреме владините демонстранти се пред седиштето на СДСМ на Бихаќка, откако им заврши протестот пред Собранието.

Последните информации се дека демонстрантите ќе направат последен обид да се соберат пред Владата на Република Македонија, но присуството на специјалните полициски единици е огромно.