Monday, May 6, 2024
HomeДЕНЕШНАСветВо Турција забранети верските погребни обреди за пучистите

Во Турција забранети верските погребни обреди за пучистите

Управата за верски работи на Турција соопшти дека нема да дозволи одржување на верски погребни обреди за учесниците во, како што се наведува, „предавничкиот напад на државата, народот, турскиот Парламент“.

Тоа не се однесува на војниците и припадниците на безбедносните сили кои се нашле во судирите, а всушност не знаеле за што станува збор, се наведува во соопштението.

„Услугите за џеназа и погреб нема да им се дозволат на убиените пучисти и предавници кои немилосрдно дигнаа оружје на голоракиот народ и го напднаа Парламентот и други јавни институции, со цел да ја соборат легитимната власт во земјата“, пишува во соопштението на турската Управа за верски работи.

МИА