Friday, Apr 26, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмВо подготвка е четвртото продолжение од серијалот „Матрикс“

Во подготвка е четвртото продолжение од серијалот „Матрикс“

Студиото „Ворнер” планира на филмското платно да ја врати франшизата „Матрикс”. Тоа би било четврти филм во серијалот, но не продолжение на сагата, туку она што филмаџиите го нарекуваат „рибут” – видоизменета преработка, обично со изменет нов заплет.

Култната научно-фантастична трилогија претставуваше своевидна револуција во филмската индустрија уште кога во 1999 година првиот филм го зарази цел свет. Како што пренесува „Холивуд Рипортер”, неименуван, но упатен извор, потврдил дека новиот проект е „во рана фаза, но дефинитивно се спроведува”.