Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеВо недела повторно ќе се работи на „Трета Македонска бригада“

Во недела повторно ќе се работи на „Трета Македонска бригада“

Од град Скопје соопштуваат дека во недела во периодот од 8 до 18 часот на булеварот „Трета Македонска бригада“ ќе биде воведен посебен сообраќаен режим за кој ќе има и соодветна патна сигнализација за возачите, на потегот од крстосницата со ул.Пролет до ул.Никола Карев заради изведување на градежни работи. Оваа важна сообраќајница во општина Аеродром со која се поврзува со централното градско подрачје е во финална фаза на реконструкција и доградба.