Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаВо Демир Капија ќе „никне“ првиот хотел во градот!

Во Демир Капија ќе „никне“ првиот хотел во градот!

Општината надлежна за градежни парцели продаде градежно земјиште на кое треба да се изгради првиот хотел во оваа општина. Станува збор за инвцестиција од домашно потекло, а скопскиот инвеститор Гоце Ѓорѓиевски најави градба на хотел со педесетина легла, ресотран, базен, спа-центар, летна бавча и игротека за деца, инвестиција која ќе се “насади“ на 1.500 квадратни метри.
Локалната самоуправа Демир Капија продаде градежна парцела на која ќе се гради првиот хотел во оваа општина.

– Хотелот ќе се гради на локација на потегот меѓу двете постоечки винарски визби, каде што пак продадовме и една градежна парцела за трета винарија. Тоа е во непосредна близина на клучката за влез во Демир Капија од автопатот Скопје-Атина, информира денеска демиркапискиот градоначалник Трајче Димитриев.