Friday, Apr 26, 2024
HomeСТУДЕНТУМВо борбата се јасни и гласни, студентите со проекција на филм за состојбата на „Гоце Делчев“

Во борбата се јасни и гласни, студентите со проекција на филм за состојбата на „Гоце Делчев“

Документарниот филм „Зелени ѕидови – црна храна“ е новото дело на студентите, чија проекција ќе се одвива утре, 28-ми септември, во паркот позади спортската сала Форца со почеток од 20 часот.

Целта на овој филм е да се привлече што поголема маса на јавност во поголемо актуелизирање на состојбата на студентскиот дом „Гоце Делчев“, проблем кој веќе години наназад расте. Студентскиот живот на сите кои престојуваат тука е мизерен, а реакции од државните институции се уште нема кои би можеле целосно да го санираат објектот.

Покрај презентирањето на проекцијата ќе има и панел дискусија за тоа што може да се преземе за да се покрене иницијативата за решавање на проблемот со „Гоце Делчев“. Улогата на режисер за филмот ја доби Сандра Ѓорѓиева, студент на ФДУ, а како специјален гостин на настанот се најавува архитектот на студентскиот дом „Гоце Делчев“, Георги Константиновски.