Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВо БиХ се веат џихадистички знамиња

Во БиХ се веат џихадистички знамиња

Запрепастен патник од Хрватска кој патувал во Босна и Херцеговина ја направил фотографијата од својот автомобил.
Минувајќи низ центарот на Тузла, го видел црното знаме на ИСИЛ како се вее и веднаш го сликал со својот телефон од прозорецот на автомобилот. Потоа сликата ја испратил на некои медиуми.

Кога го видел знамето како се вее, се запрепастил и го фатило страв да го продолжи патувањето, но со нетрпение очекувал да стигне до Сараево. Наводно знамето припаѓало на Ал Нусра, огранок на Ал Каеда во Сирија. Стејт департментот минатата година објави дека меѓу десетте најбарани терористи во светот се наоѓа на територијата на Ал Нусра.

Тоа бил радикалниот вахабистички водич Нусрет Имамовиќ, за кого е објавено дека се бори во Сирија и активно учествува во активностите. За жал знамињата на ИСИЛ во Босна и Херцеговина не се реткост, тие биле истакнувани на повеќе места.