Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВМРО-ДПМНЕ: СДСМ упорно молчи и се крие за прифаќањето на тиранска платформа

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ упорно молчи и се крие за прифаќањето на тиранска платформа

Македонската јавност уште еднаш имаше прилика да ја забележи дволичноста на криминогениот СДСМ и нивниот претседател аболираниот криминалец Зоран Заев кои за лична корист тргуваат со интересите на Република Македонија, стои во редовното утринско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ јавно ја отрфли Тиранската Платформа и го потврди својот став дека нема да формира Влада по секоја цена. Патоказот кој го понуди ВМРО-ДПМНЕ е добра основа за постигнување консензус околу излез од кризата. Убедени сме дека со чесен пристап, откако ќе одговориме на отворените дилеми, ќе го имаме и одговорот во која насока треба да го бараме излезот од сегашната ситуација“, стои во соопштението,

Од партијата наведуваат дека ја разбираат загриженоста на граѓаните кои секој ден излегуваат на улици да изразат револт.

„Ја разбира и причината зошто вчера околу двесте илјади луѓе се собраа и излегоа низ улиците на градовите во Република Македонија. Граѓаните се чувствуваат изиграни и загрозени, бидејќи СДСМ под превезот „За живот“ им донесе двојазичност и федерализација“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.