Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВМРО-ДПМНЕ не се појави на координација кај спикерот Џафери

ВМРО-ДПМНЕ не се појави на координација кај спикерот Џафери

Претставници на политичките партии денеска беа на координација кај претседателот на Собранието, Талат Џафери, во пресрет на утрешната седница која е закажана за 11 часот, за избор на нова влада и новата владина програма.

Од СДСМ како претставник бил Оливер Спасовски, Ејуп Алими од ДУИ, Весел Мемеди од Алијансата на Албанците, Бардул Даути од ДПА, Африм Гаши од Беса, а на состанокот не присуствувал претставник на ВМРО-ДПМНЕ, јавува „Плус инфо“

Според Деловникот за работа на Собранието, мандаторот ја образложува програмата и предлогот за состав на Владата пред пратениците. По програмата и составот на Владата, Собранието води претрес најмногу два дена. Редоследот на пратениците кои ќе учествуваат во претресот го утврдува претседателот на Собранието на начин кој обезбедува учество во претресот на пратеници од различни политички партии застапени во Собранието, стои во Деловникот. Гласањето за избор на Владата се врши по предлогот за состав на Владата во целина, со јавно гласање. Гласањето се врши по завршување на претресот, а најдоцна во 24:00 часот. Владата е избрана ако за неа гласало мнозинството од вкупниот број пратеници. Претседателот на Собранието го известува претседателот на државата за изборот на Владата.

Сè уште не е познато дали пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствуваат на седницата на која ќе се гласа за избор на нова влада.