Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВМРО-ДПМНЕ: Македонија не може од мултиетничка да стане бинационална држава

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија не може од мултиетничка да стане бинационална држава

Аболицираниот криминалец Зоран Заев не може зад грбот на народот да договара одредени сценарија, платформи од туѓи држави и тоа после избори мамeјќи ги граѓаните, сто во редовното утринско соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

„Криминогеното раководство на СДС е нервозно бидејќи не може да ги реализира ветувањата и исполни уцените. Затоа се обидоа да извршат пуч во Собранието на Република Македонија преку кршење на Деловникот и Уставот. Со цел да се замолчат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да дебатираат за точките од тиранската платформа. СДС сакаше што побргу да започнат со реализирање на тиранската платформа“, се вели во соопштението.

Од партијата наведуваат дека пратеникот Максим Димитриевски нападна момче само затоа што пеело македонска народна песна.
„Наместо да се извини пред целата јавност како сериозен политичар, тој дрско и безобразно се обиде да ја манипулира јавноста и да ја лаже без срам тврдејќи дека момчето само се повредило. Се почна да излегува на површина, предавството, пазарењето со националните и државните интереси. Сето што сакаа да го сокријат од народот се дозна“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението се наведува дека народот на Република Македонија храбро решил да се спротивстави, на како што велат, на мафијашите од СДС, и јасно им порача дека со Македонија не можат да тргуваат.

„Македонија не може од мултиетничка да стане бинационална држава. Во Македонија не може да има двојазични банкноти, двојазични униформи, да се менува химната, знамето, грбот и ред други работи кои ги имаат ветено криминалците од СДС. Во Македонија нема да се реализираат туѓи платформи само за да се спасат од криминалците од СДС“, се вели во соопштението и се додава дека единствен излез од оваа криза се нови парламентарни избори.