Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВМРО ДПМНЕ: Критиките на СДСМ се израз на некрофилство

ВМРО ДПМНЕ: Критиките на СДСМ се израз на некрофилство

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ излезе со реакција за добиените критики од СДСМ дека неспособно реагирала за помошта на настраданите од поплавите.

– Јавноста дозна дека советниците на СДСМ во февруари 2016 година на седница на Советот на Општина Гази Баба барале да не се субвенционира чистењето на одводните канали во општината и не гласале за одлуката. Пред камери глумат загриженост и хуманост, а позади камерите СДСМ гласа против помош на граѓаните. Врв на очајот и лицемерието на Бихаќка.

– Ваквото срамно политичко профитерство за чиј интерес работат Фабриките за афери на СДСМ не проаѓа меѓу граѓаните. Никој не им верува на СДСМ. Жителите на поплавените региони и сите волонтери добро знаат дека сите институции се 24 часа на терен, состојбата се подобрува, а авансната исплата ќе биде дел од помошта која овие жители ќе ја добијат, стои во реакцијата.

ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека погодените во поплавените региони ќе добијат целосно обештетување кое веќе започнува да се реализира.

Сметката за некрофилството на СДСМ ќе им биде доставена на првите наредни избори на кои ќе соберат храброст да излезат и да се соочат очи во очи со граѓаните, а не да бегаат безглаво од избори како досега, наведуваат од владејачката партија.