Thursday, May 9, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВМРО-ДПМНЕ бара јавна дебата за договорот за добрососедство со Бугарија

ВМРО-ДПМНЕ бара јавна дебата за договорот за добрососедство со Бугарија

Пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно ќе испратат писмо до премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров со кое ќе бараат вклучување во договорот за добрососедство со Бугарија, јавува А1он.

Според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, договорот мора да дојде пред пратениците бидејќи тие се народни избраници, но побара и јавна дебата.

Тој истакна дека со ова се става на тест транспарентноста на Владата.

Милошоски не одговори директно дали добиле одговор на вчерашното писмо во кое е потписник заедно со Илија Димовски, Владимир Ѓорчев, Трајко Вељаноски, Никола Попоски и Емил Димитриев.

Александар Тодески