Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВладата одговори со план за реформи на забелешките на Стејт Департментот

Владата одговори со план за реформи на забелешките на Стејт Департментот

Владата ќе се посвети на реформи и подобрување на демократските стандарди, тоа е официјалниот одговор по денешниот извештај на Стејт Департментот за состојбата со почитување на човековите права и слободи.

state department

Александар Ѓорѓиев, владиниот портапорл за медиумите изјави – „Извештајот на Стејт департментот го гледаме како дел од нашата соработка со Соединетите Американски Држави кои се наш стратешки партнер во реализација на нашите цели за евроатлантски интеграции, истиот секогаш сме го почитувале и врз основа на него сме правеле многу реформи. И во годинашниот извештај за Република Македонија се забележуваат слични или исти, по обем и по квалификации, предизвици кои се карактеристични за овој регион, но и карактеристични и за некои од земјите членки на Европската Унија што може да се забележи бидејќи извештаите за сите земји се јавни. Ние веруваме и сме убедени дека преку реформите кои се содржани во владиниот План за нови реформи за европските интеграции ќе успееме во следниот период да ги унапредиме капацитетите, амбиентот и состојбите за тие предизвици да бидат надминати, а во тој процес на напредок ќе продолжиме блиску и тесно да соработуваме со САД“.

Најавата за нови реформи се поклопува и со вчерашната заложба за европските интеграции. Најголемите забелешки на Стејт департментот се однесуваат на партизираност на институциите, мешање во слободата на медиумите и неефикасно судство.