Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВладата иницира постапка за разрешување Зврлевски

Владата иницира постапка за разрешување Зврлевски

На денешната втора владина седница министрите ја почнаа постапката за разрешување на републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски, дознава Макфакс.

„Владата донесе одлука, предлогот за разрешување на републичкиот Јавен обвинител поради незаконско и ненавремено извршување на функцијата, согласно законските одредби, да го достави до Советот на јавни обвинители на Република Македонија и да побара мислење“, пишува во соопштението од Инфо-службата на Владата.

Јавниот обвинител Марко Зврлевски кратко одговори на пораката на Макфакс дека не сака да ја коментира постапката за негово разрешување.

Законот предвидува дека Владата, по претходно мислење од Советот на јавни обвинители, до Собранието поднесува предлог за разрешување на јавниот обвинител. Зврлевски може да биде разрешен од функцијата пред истекот на мандатот поради незаконско, ненавремено или недоволно стручно вршење на функцијата, ако со своето однесување и дејствување покажува дека не е способен за извршување на функцијата, ако не поднесува барање за покренување кривична постапка во случаи предвидени со закон и поради нарушување на угледот на функцијата. Советот е должен во рок од 15 дена да ѝ одговори на Владата со позитивно или негативно мислење.