Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВицепремиерот за антикорупција на прва средба со ДКСК

Вицепремиерот за антикорупција на прва средба со ДКСК

На денешниот прв официјален состанок со Државната комисија за спречување на корупција – #ДКСК, разговаравме за идната соработка во делот на откривање и спречување на корупција и воведувањето на механизми за непречено функционирање на ДКСК, како институција која има исклучително значење во оваа заедничка борба!

Точките за кои сме согласни, за мерките кои треба да се преземат се опширни и бројни. Со мојата нова функција, којашто ја охрабрува и ДКСК, ќе можам директно да асистирам во зголемување на ефикасноста и зајакнување на соработката со извршната власт!

Очекувам дека ќе имаме одлична соработка и ќе испорачаме силни резултати.