Wednesday, May 8, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВидео: Вучиќ како спасител во емисија во живо, прв скокна да му помогне на момчето

Видео: Вучиќ како спасител во емисија во живо, прв скокна да му помогне на момчето

Лидерот на Српската напредна партија и кандидат за претседател на Србија, Александар Вучиќ, вчера гостуваше на ТВ „Хепи“, а во студиото беа и неговите родители Анѓелко и Ангелина Вучиќ. Во емисијата која оди во живо, среде преносот на едно момче од публиката му се слоши, а Вучиќ како прв спасител скокна од местото и протрча да му помогне на момчето.

Дел од коментарите на Србите на социјалните мрежи се дека ваквиот поотег на Вучиќ е популистички и евтин трик да покаже дека се грижи за луѓето. Србија утре гласа за нов претседател на државата, а Вучиќ според анкетите е најсериозен кандидат да го наследи Томислав Николиќ.