Friday, Apr 26, 2024
HomeАНТИСТРЕСПатување(Видео) Во внатрешноста на Дип Џој, најдлабокиот базен во светот

(Видео) Во внатрешноста на Дип Џој, најдлабокиот базен во светот

На границата на малата италијанска општина Монтегрото Терме, само на 45 километри западно од Венеција, се наоѓа базен со неверојатна длабочина од 40 метри. Радоста на нуркачите, наречен Y-40, во моментов го држи светскиот рекорд на Гинис за најдлабок базен полн со термална вода.

На средината на базенот се наоѓа кружен тунел, низ кој посетителите може да нуркаат, а долж целиот базен се простира и хоризонтален тунел по кој може да се оди, така што посетителите имаат чувство дека се наоѓаат во аквариум.

Во пријатната вода со температура 32 степени Y-40 нуди изобилство од забава: подводни фотографски сесии, настапи на сирени, нуркање со боци, часови за пливање и друго. Проектот е изработен од архитектот Емануеле Боарето и Boaretto Hotel Group и отворен во јуни 2014 година.