Wednesday, May 1, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈААтласНад 3.000 жени во баварски носии поставија Гинисов рекорд

Над 3.000 жени во баварски носии поставија Гинисов рекорд

Повеќе од 3.000 жени, облечени во традиционални баварски носии, дирндл, се собраа на саемот во градот Кемптен, во јужна Германија, и поставија нов Гинисов рекорд, јави ДПА.

На саемот со овие традиционални носии дојдоа 3.164 жени. Тие го подобрија претходниот рекорд, поставен пред две години од 2.865 жени, кои пристигнаа во баварски носии во градот Бад Шусенрид.

Учесниците во поставувањето на новиот Гинисов рекорд беа на различни возрасти и носеа најразновидни модели на дирндл, од долги традиционални до современи и куси носии.