Friday, Mar 29, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФаулЗошто Олимпискиот базен во Рио има зелена вода?

Зошто Олимпискиот базен во Рио има зелена вода?

На интернет молневито се рашири сликата со зелена вода на Олимпискиот базен во Рио каде се одржуваат главните пливачки натпревари. На шега некои тврдеа дека пливачите уринирале во базенот по што се активирала водата, но организаторот на турнирот соопшти дека во базенот имало алги, па од таму и зелената боја.

Извршени се тестирања за да утврди дали водата е безбедна и засега пливачите може да бидат мирни. Проблемот најверојатно лежи во несоодветниот третман на конструкцијата што дозволило цветање на алгите, што секако е вина на организацискиот комитет.