Friday, Apr 26, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноВИДЕО: Во Италија е возможно да се оди по вода!

ВИДЕО: Во Италија е возможно да се оди по вода!

Бугарскиот уметник Христо ги повикал посетителите на италијанското езеро Изео да „одат по вода“ на огромна платформа која ја нарекол „The Floating Piers“. Никој не очекуваше дека на овој мост од три километри кој претставува огромна уметничка инсталација, веќе првиот ден ќе поминат десет илјади посетители, па властите биле приморани да го затворат за време на ноќта, поради безбедноста на посетителите.

Имено, шеталиштето направено од 200.000 лебдечки коцки прекриено со портокалови коцки, за кратко време стана вистинска атракција, а веќе во првите дена привлече 270.000 посетители. Како што истакна гувернерот Берш Валерио Висенте, големиот број на посетители претставува и огромен предизвик за локалните власти просторот околу езерото Изео да го одржат чист.

Платформа 2