Tuesday, Mar 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаИванов во дводневна посета на Италија – ќе се сретне со папата

Иванов во дводневна посета на Италија – ќе се сретне со папата

Претседателот Ѓорге Иванов, денеска и утре ќе престојува во посета на Италија и на Ватикан, по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“.

Денеска Иванов ќе ја посети базиликата „Свети Климент“, каде ќе биде положен венец на гробот на Св. Кирил. Иванов ќе ја посети и базиликата „Санта Марија Маџоре“, а во текот на денот ќе ја посети и базиликата „Св.Павле“, каде ќе положи цвеќе на гробот на Св. Павле. Во вечерните часови Иванов ќе присуствува на концерт на етно групата „Баклава“.

Утре Иванов заедно со министерот за надворешни работи Никола Попоски ќе има аудиенција кај Поглаварот на Римокатоличката црква, Неговата светост Папата Франциск, а ќе оствари средба и со државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин.