Tuesday, Mar 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСвет2000 евра за преселување во италијанско село, не така брзо „амичи“

2000 евра за преселување во италијанско село, не така брзо „амичи“

Големо внимание привлече веста дека во едно напуштено италијанско село се нудат по 2000 евра за оние кои ќе се доселат да живеат таму, но по огромниот број на пријавени општината се предомислила, најверојатно поради недостиг на реални финансиски средства и соодветна можност за инвестирање во руинираната инфраструктура.

Градоначалникот на Бормид, кој ја објави информацијата на Фејсбук доби 17.000 барања од луѓе од цел свет и од Италија, по што го избриша постот. Од регионот Лигурија рекоа дека тоа било само идеја, но за тој предлог нема да гласа градската управа. Додаваат дека за оваа идеја може да се расправа, но истото би важело само за луѓето кои се од Италија, а не за луѓето од целиот свет.

Градоначалникот на Бормид, Даниел Галијано вели дека веста добила светски размери, но иако Италија е многу убава земја, таа е во криза.  Се заблагодари за интересот и рече дека не можат да им помогнат на сите.  Претходно намерата беше да се заживее селото кое станува „село на духови“.