Tuesday, May 7, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноВИДЕО: Вака слетува најголемиот авион во светот

ВИДЕО: Вака слетува најголемиот авион во светот

Повеќе од 20.000 Австралијанци излегле од своите домови за да бидат сведоци на една потполно несекојдневна појава- слетување на најголемиот авион во светот „антонов Ан-225“ на пистата во австралијанскиот град Перт. Украинскиот авион „антонов Ан-225“ не само што е најголем туку е и најтежок авион во светот. Максималната брзина која овој „џиновски авион“ може да ја постигне е 850 километри на час.

Патниот сообраќај доживеал тотален колапс, многу страствени љубители на авионите излегле од своите автомобили за да го снимат летечкиот „џин“ на небото над градот Перт. „Антонов Ан-225“ превезувал огромен генератор тежок дури 117 тони од чешката престолнина Прага до австралискиот град Перт, каде ќе остане се до вторник кога би требало да лета за Германија.